Аргентинa се пласираше во полуфиналето од годинешното издание на Копа Америка, откако синоќа со 2:0 ја победи Венецуела во четвртфиналиот меч одигран во Рио де Жанеиро. Резултатот беше отворен уште во десеттата минута кога Лаутаро Мартинез постигна гол за водство на Аргентина од 1-0. На 15 минути до крајот Ло Келсо искористи еден кикс на голманот на Венецуела и постигна гол за конечни 2-0.
Аргентина во полуфиналето на 3 јули во Бело Хоризонте ќе се соочи со домаќинот Бразил, кој во првиот четвртфинален дуел го совлада Парагвај со 4:3, по подоброто изведување на пеналите.
Во другите два четвртфинални дуели се среќаваат Колумбија – Чиле и Уругвај – Перу.



