понеделник, ноември 16, 2026
  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт
No Result
View All Result
No Result
View All Result
ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
Почетна Спорт Фудбал

Македонија Ѓ. П. и Академија Пандев ќе бркаат титула во Купот

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА ✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
мај 22, 2019
📁 Фудбал
Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга Најдобар фитнес центар во Струга

Денес на Националната арена „Тодор Проески“, Македонија Ѓ.П. и Академија Пандев ќе го одиграат 27. финале од Купот на Македонија. На официјалната прес – конференција двајцата тренери, Александар Таневски (Македонија Ѓ.П.) и Југослав Тренчовски (Академија Пандев) и фудбалерите, Остоја Стјепановиќ и Сашко Пандев ги споделија своите очекувања во пресрет на финалето.

Александар ТАНЕВСКИ – Македонија Ѓ.П.

„Се работи за два тима што имаат обезбедено по нешто во првенството, ние опстанокот, Академија Пандев настап во Европа. Предност е што и двете екипи играат отворен фудбал. Го посакуваме трофејот, затоа што и за двете страни ќе биде добра шанса да освои трофеј. Како деца од Ѓорче, дојде нашето време да го вратиме пехарот во нашите витрини. Околу притисокот, моите фудбалери се подготвени на се. Докажаа наназад во првенството дека се работи за квалитетен тим. Ги добивме сите важни натпревари што ни беа потребни. Искуството е на наша страна, имаме играчи со четири до пет финалиња. Мислам дека на вакви натпревари се заборава притисокот и заморот. Академија Пандев игра допадлив фудбал. Можеби ќе треба да бидеме претпазливи, но нема да го менуваме стилот. Мислам дека тоа ќе ни донесе успех.“

Југослав ТРЕНЧОВСКИ – Академија Пандев

„Финалето од Купот на Македонија за нас е некој нов предизвик. Ние сме понеискусна екипа, меѓутоа имаме квалитетни фудбалери и играчи со потенцијал. Македонија Ѓ.П. заслужува целосен респект, се работи за тим кој игра отворен и допадлив фудбал. Задоволство ни е третото место во шампионатот, но уште поголем успех ќе биде пехар во Купот на Македонија. Ќе дадеме се од себе, подготвени сме за натпреварот и се надевам дека ќе победи фудбалот. Струмица е фудбалски град, многу фудбалери поминале низ неа, а ова е прво, исторско финале за Струмица, што ние сме посебно горди. Потајно имаме притисок, затоа што сакаме заедно да ја однесеме првата Куп-титула во Струмица, но не смееме да заборавиме дека Македонија Ѓ.П. елиминира фудбалски брендови и во составот има фудбалери како Остоја Стјепановиќ, Кировски, Божиновски и останатите кои имаат искуство и квалитет“.

Остоја СТЈЕПАНОВИЌ – Македонија Ѓ.П.

„Се работи за еден натпревар и се е отворено. Македонија Ѓ.П. има освоено еден трофеј во својата историја. Ова е прво финале на Академија Пандев. Ние силно го посакуваме трофејот, ќе влеземе максимално мотивирано, затоа што не делат 90, или пак, 120 минути до трофеј. За некои играчи можеби прв трофеј, но за нас е многу повеќе од тоа, затоа што носи и излез во Европа. Академија Пандев заслужува честитки за фудбалот оваа сезона. Но и ние „старите“ не сме за фрлање. Ќе се обидеме да покажеме дека останало нешто во нас. Се надевам дека младоста нема да не надвладее.“

Сашко ПАНДЕВ – Академија Пандев

„Ни следи еден тежок и неизвесен натпревар. Играме против екипа која знае што сака. Македонија Ѓ.П. избори опстанок, сега ќе се бори за Европа. Ние имаме квалификации за Лига Европа, трето место сме, но не чека тим кој сигурно нема да биде лесно да се победи. Според мене, Куп финалето ќе го одлучат нијанси“

ShareTweet
Претходна вест

(Фото + Видео) Стаклена плажа – Калифорнија

Следна вест

Младинскиот тим на Вардар го освои Купот на Македонија

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

ЈАВИ СЕ ЈУЖНА

Портал кој се залага за презентација пред се на македонската публика во сите сфери како спорт, музика, филм и сите слободни артисти кои што сакаат да бидат презентирани на јавноста. Слободно испраќајте ни ги Вашите активности и идеи и ние сме овде за да Ве презентираме на нашата публика.

Слични вести

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ
Фудбал

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
11/Ное/2026
Поранешен играч на Пелистер и Караорман ќе дебитира за Албанија!
Фудбал

Поранешен играч на Пелистер и Караорман ќе дебитира за Албанија!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
10/Ное/2026
Елмас повторно во Италија: Македонскиот репрезентативец потпиша за Аталанта!
Фудбал

Елмас повторно во Италија: Македонскиот репрезентативец потпиша за Аталанта!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
22/Авг/2026
СТРУШКИОТ БИСЕР ГО НАПУШТА РАБОТНИЧКИ: Дитмир Хоџа на само 17 години заминува во ЛИДС ЈУНАЈТЕД!
Фудбал

СТРУШКИОТ БИСЕР ГО НАПУШТА РАБОТНИЧКИ: Дитмир Хоџа на само 17 години заминува во ЛИДС ЈУНАЈТЕД!

✏️ ЈАВИ СЕ ЈУЖНА
20/Авг/2026
Следна вест

Младинскиот тим на Вардар го освои Купот на Македонија

Последно

Томовски херој на Битигхајм: Гол и 10 одбрани за вреден бод против моќниот Мелсунген!

ДВОЈНА РАДОСТ ЗА ЖРК СТРУГА: ДВЕ ПОБЕДИ ВО ДВА ДЕНА!

ЧАИР ГО ПРЕГАЗИ КУР И ПОВТОРНО ИСПИША ИСТОРИЈА! ОСМИНАФИНАЛЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК ВО ЕХФ КУПОТ!

Вардар славеше во интересното дерби со Алкалоид

ВО ЖИВО: Вардар – Алкалоид

Победа на Македонија до 17 години против Унгарија со Хет-трик на Стефан Ристиќ

Ние стремиме кон презентирање на македонската публика во најдобро можно светло, промовирајќи ги сите македонски кои се натпреваруваат на домашна сцена и на меѓународна. Ви благодариме!

Следете не!

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.

  • Контакт
  • Импресиум
  • Маркетинг
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Спорт
  • МАГАЗИН
  • МУЗИКА
  • ДЕСТИНАЦИИИ
  • ИНТЕРВЈУ
  • Контакт

© 2020 www.javisejuzna.mk - Креирана и дизајнирана од MaxCode.mk.