Во првиот полуфинален Куп натпревар одигран на стадионот ,,Младост” во Струмица се соочија две рамноправни екипи Беласица против Македонија Ѓорче Петров каде што до минимален триумф дојдоа гостинските фудбалери со реузлтат од 0:1 со голот на Едуардо Карвалјо во 33 минута.
Реваншот ќе се одигра во Скопје во населбата Ѓорче Петров каде што скопјани се чекор поблиску до пласман во финалето. Вториот полуфинален дуел е помеѓу Академија Пандев и Победа од Прилеп.



