Македонската репрезентација до 16 години го освои првото место на развојниот турнир на УЕФА кој беше организиран во Скопје. Нашата репрезентација во конкуренција на Грузија, Азербејџан и Саудиска Арабија оствари максимални три победи.
Селекцијата предводена од Горан Станковски последниот триумф од турнирот го запиша во пресметката против Азербејџан со 2:1, каде што погодоците ги постигнаа Дашмир Елези во 3. минута и Рамис Беровиќ во 43. минута од натпреварот. Претходно триумфиравме против Саудиска Арабија со резултат од 2:0 и против Грузија исто со 2:0.



