Во Скопје во СЦ ,,Јане Сандански” футсал репрезентацијата на Македонија игра претквалификации за Светско првенство и во групата Ц, нашите репрезентативци ја остварија третата победа од три меча, овој пат со пресврт против Албанија со резултат од 3:2.
Прва во водство беше Македонија уште на стартот во 15 секунда кога Зибери постигна гол за 1:0. До крајот на првото полувреме Албанија најпрвин преку Реџепај за 1:1, додека Кача постигна гол за 1:2 на полувреме.
Во вторите 20 минути игра Македонија го засили темпото на игра го притисна противникот и со погодоците на Зибери и Исмаили македонските футсал репрезентативци дојдоа до триумф од 3:2 за максимални три победи од три натпревари и за освојување на прво место во групата каде што во наредната фаза на квалификации ќе се соочиме против домаќинот Украина, Косово и Словенија.



