Македонија забележа пад од три позиции во однос на рангирањето во месец јануари на најновата рејтинг листа на ФИФА и сега се наоѓа на 71. место на листата. Нема промени меѓу најдобрите десет, прва е Белгија, потоа следуваат Франција, Бразил, Хрватска, Англија, Португалија, Уругвај, Швајцарија, Шпанија и Данска.
На листата најголем прогрес забележа освојувачот на Купот на Азија – Катар, тие напредуваа за 38 позиции и сега се на 55-то место на листата. Од репрезентациите кои се во нашата квалификациска група за пласман на ЕП, Полска е на 20-то место, Австрија на 23-то, Словенија 63-то, додека Летонија е на 131-во место.



