Англиското дерби во четвртфиналето од Лигата на шампионите меѓу Тотенхем и Манчестер Сити заврши со минимална победа на домаќините. Во 78. минута по асистенција од Ериксен, Сон се снајде одлично и постигна гол за голема радост на домашните навивачи и победа од 1-0.
Ливерпул го победи Порто со 2-0 и имаше одличен резултат пред реваншот. Натпреварот беше отворен уште во 5-та минута со гол на Кеита, а Фирмино во 26-та ги постави конечните 2-0.



