Минатото лето во Реал Мадрид од Ајнтрахт Франкфурт за 60 милиони евра направи трансфер младиот 21-годишен српски напаѓач Лука Јовиќ и во овој период има само еден постигнат гол.
Српскиот фудбалер има голем притисок од медиумите, а за сето тоа е свесен и Јовиќ кој призна пред новинарите дека е разочаран од својата игра и дека често знае да гледа на Youtube своите настапи и не може да сфати што точно се случува со неговата игра.



