Лионел Меси е освојувач на „Златната копачка“ со 36 постигнати голови за сезоната 2018/19, откако синоќа со завршувањето на Француското првенство и теоретски не може да биде стигнат Килиан Мбапе од ПСЖ кој постигна три погодоци помалку. На третото место e Kваљарела од Самдорија со 26 голови кој има уште еден меч оваа сезона. Ова е шеста „Златна копачка“ за аргентинскиот фудбалер.






