Келце славеше над Веспрем со 34-33 во дерби дуелот на новата рунда од Лигата на Шампионите.
Алекс Душебаев со 11 погодоци беше најефикасен играч во тимот на Келце, додека Гајиќ со 7 и Тенесен со 5 погодоци беа најефикасни кај Веспрем. Mакедонскиот репрезентативец Дејан Манасков не успеа да се запише во листата на стрелци.