Бруклин Нетс триумфира на гостувањето против Лос Анџелес Лејкерс со резултат од 111:106 и на тој начин службено го елиминираа Лејкерс во борба за доигрувањето. Леброн Џејмс прв пат по 2005 година е елиминиран од можноста да влезе во доигрувањето и настап во Плејофот.
,,Езерџиите” одлично ја започнаа сезоната и беа на четвртата позиција на Западот, но на мечот против Голден Стејт Вориорс, Леброн Џејмс се повреди и отсуствуваше 17 натпревари кои што се најмногу во неговата кариера и од тој момент Лејкерс нанижа губитничка серија која што не им дозволи да влезат во Плејофот.
Леброн Џејмс кој има 34 години се чини е премалку за да тимот се вклучи во борба за доигрувањето или за борбата за шампионската титула и затоа на лето клубот ќе мора да влезе во потрага по нова ѕвезда која ќе му се приклучи на Џејмс, а меѓу нив се вбројуваат имињата на: Ентони Дејвис, Кевин Дирант, Каи Леонард, Кајл Ирвинг, Џими Батлер и Кемба Вокер.



