Цветан Кузманоски брзото крило на стружани пред натпреварот во сабота кој РК Струга го игра против РК Вардар Јуниор ја даде следната изјава:
“Во сабота играме тежок натпревар со екипата на Вардар Јуниор на домашен терен. Очекувам сите на теренот да го дадеме максимумот. Подготвени сме за она што ни претстои и секако ќе треба секој од нас секоја шанса да ја искористи максимално. Ги повикувам сите љубители на ракометот во Струга и навивачката група Паткари да ни дадат поддршка во овој многу важен натпревар за РК Струга”



