Реал Мадрид по лошо ќе го памети двомечот против Ајакс поради елиминацијата во раната фаза но и поради повредата на суперталентираниот Винициус кој игра во врвна форма. Младиот бразилски напаѓач на Реал Мадрид ги скина лигаментите на зглобот во реванш мечот во Лигата на шампиони против Ајакс што го одложуваат и неговото деби за репрезентацијата на Бразил, како и продолжување на серијата квалитетни настапи за кралскиот клуб.



