Бразил е нов фудбалски шампион на Koпа Америка. По пауза од 12 години, стигнаа до трофејот по победата во финалето над Перу со 3:1.
Стрелци за Бразил беа Евертон во 15-та минута, Габриел Жезус и Ришарлисон од пенал во 90-та минута. Почесниот гол за Перу беше дело на Гвереро од пенал во 44-та минута.



