Кожуф во Гевгелија ја пречека последната екипа во ВМФЛ Исток – Питу Гули. Крушевчани имаат само три поени кои ги добија во првото коло со победата над Осогово од 1-3. Од друга страна, Кожуф е непоразен оваа сезона.
Гевгеличани, пред своите навивачи, покажаа убедлива игра и ја остварија својата највисока победа оваа сезона. Крајниот резултат изнесуваше 6-1, а хет-трик запиша Александар Трајчевски. Вчера, Тиквеш ремизираше со Победа во Прилеп, па со новите три бода, Кожуф изби на првата позиција на табелата.



