Велшанецот Герет Бејл оваа сезона нема да добие минутажа која му е потребна од тренерот Зинедин Зидан и затоа 30-годишниот крилен фудбалер по шест годишен престој во Мадрид за него нова играчка средина ќе биде Кина и тимот на Јианг Сунинг.
Кинеската Суперлига завзема се поголем замав и секоја нова сезона има се повеќе ѕвезди од европскиот континент. Бејл ќе заработува годишно 20 милиони фунти и ќе биде еден од најплатените фудбалери во светот. Тој во кралскиот клуб постигна 102 гола, а освои дури 13 трофеи.



