Капитенот Kрсте Андоновски и бекот Борче Соколов остануваат во тимот на РК Охрид и наредната сезона. Тие се само дел од играчите кои ги продолжија договорите со тимот на Охрид, наредниве денови се очекува да се потпишат договори и со други ракометари кои го носеа дресот во минатата сезона. Има најава дека покрај голманот Даниловски во Охрид ќе пристигнат уште неколку засилувања.



