Во рамки на 17. коло од Првата кошаркарска женска лига, во Скопје тимот на ЖКК Струга 2009 во дербито на колото и против претендентот за титулата го порази на гостински терен тимот на ЖКК Работнички со резултат од 53:63 по четвртини (12:17, 19:16, 08:14 и 14:16).
Во квалитетен прволигашки натпревар стружанки уште еднаш го положија тестот на зрелост и квалитет како тимски така и поединечен. Со новите гостински бодови ЖКК Струга го презеде третото место на табелата со 30 бода, сега пред ЖКК Работнички кој паднаа едно место и сега скопските кошаркарки се позиционираа на четврто место со 28 освоени бода.
Листа на стрелци ЖКК Струга 2009: Н, Белеска 18 поени и беше најефикасна во тимот, потоа нејзинот учинок поентерски го следеа, Х. Зендели 16, А. Шеќероска 12, Г. Модева 8, Т. Стојановска 7 и М. Устијановска 2 поени зад своето име. Да напоменеме дека во сабота младинскиот тим на ЖКК Струга 2009 игра дерби дуел против ЖКК Вардар од 13.30 часот во јуниорска конкуренција М-18.



