Во дерби натпреварот од 17. коло од Првата сениорска кошаркарска лига за жени во салата ,,Независна Македонија” во скопската населба Кисела Вода силите ќе ги одмерат двете екипи кои се во најтесна битка за титулата во шампионатот.
Од 19.30 часот започнува мечот помеѓу домашната екипа на ЖКК Бадел 1862 која моментално се наоѓа на второто место и ривалот е ЖКК Вардар кој ја има лидерската позиција. Влезот за сите љубители е слободен, а се очекува квалитетна кошарка и неизвесност за конечниот резултат.



