Во фер и коректна игра во Прилеп на пријателски натпревар помеѓу женските тимови на Прилеп и Драгон од Скопје се одигра пред се квалитетна и ефикасна пријателска средба помеѓу овие две екипи, каде што тренерите на двете страни имаа можност да тестираат и позиционират на неколку различни позиции фудбалерки во своите тимови.
Резултатот беше во втор план, пред се беше можност да се имплементираат замислите за вториот дел од сезоната, инаку резултатот гласи 3:3 на полувреме 0:2 во корист на драгонки. Прилепчанки се нови прволигаши и успешно се спротиставија на шампионот на Македонија, каде во домашната екипа головите ги постигнаа Сара Петреска и двоен стрелец беше Катерина Милеска.



