Во деби настапот во ЕХФ купот од групата Б, македонскиот тим Еурофарм Работник својата премиера ја имаше на гостувањето против еден од фаворитите за највисок пласман тимот на Хановер. Домашниот тим на Хановер потешко од очекувањата дојде до тешка и неизвесна понеда од 24:21 на полувреме 16:14 против Еутофарм Работник од Битола. Бундеслигашкиот тим постојано беше во водство, а Еурофарм беше во постојана закана за фаворитот, кој немаше во ниту еден момент разлика со која што ќе се одлепи резултатски.
Во последните три минути од натпреварот Хановер имаше два гола позитива, а Еурофарм во два последователни напади не успеа да ја затресе противничката мрежа и со тоа пропуштија барем со бод да се вратат од тешкото гостување од Германија, за краен резултат од 24:21 и триумф на Хановер.
Во победничкиот табор најефикасен заврши Олсен со 7 гола, додека во тимот на Еурофарм најистакнати поединци беа пикерот Граџан со 6 гола, а Кузмановски и новото украинско засилување Остроушко имаа по 4 гола. Во следното коло Еурофарм Работник ќе се сретне со унгарска Татабања на домашен терен во Битола, додека Хановер му гостува на составот на Нексе Нашице.



