Младиот македонски репрезентативец, Елиф Елмас, кој деновиве премина во редовите на Наполи, вчера го забележа и својот прв настап во дресот на италијанскиот клуб.
Наполи играше пријателски натпревар против второлигашот Кремонезе, а Елмас влезе во 68. минута на местото на Кевин Малкуит и го одигра натпреварот до крај.
Поведе Кремонезе со голот на Могос, а Инсиње израмни со гол од пенал во 37. минута. На полувремето, екипите заминаа со резултат од 2-1 во корист на аутсајдерот, по голот постигнат од Арини во 42. минута.
Наполи ја оправда фаворитската улога во второто полувреме откако во 54. и 70. минута стрелаа Верди и Јоунес, но на 13 минути пред крајот на натпреварот, Содимо го постави конечниот резултат од 3-3.
Следната прилика за Елмас ќе биде на 28. јули кога Наполи ќе одигра пријателски меч со Ливерпул.



