ФК Вележ oд Мостар ги извести фановите на клубот дека е договорена соработката со Коста Манев, со кого потпишаа договорот до крајот на сезоната 2019/20. Коста Манев е роден на 7 април 1993 година во Македонија.
Тој израснал во Финска, каде што ги направил првите фудбалски чекори во Викингит. Во својата кариера играше и за Клуби 04 Хелсинки, ПК-35, Хонка, Интер Турку и Кемји Сити, а неговиот последен клуб е ФК Вардар. По вокација е централен дефанзивен играч, а исто така може да игра и на лев бек. На Коста Манев му посакуваме многу здравје и успех во наредната сезона.



