Македонскиот маратонец Евгениј Поп Ацев се пласираше на 13-то место на трката на 25 километри на Светското првенство во водени спортови кое се одржува во Гванжу, Јужна Кореја.
Тој патеката од 25 километри ја исплива за 4.54:39.9 часа. Неговото време беше само три минути послабо од тоа на светскиот шампион, Аксел Рејмонд.



