Бразилскиот репрезентативец и екс фудбалер на Челзи, Оскар кој настапува во кинеската Суперлига во тимот на Шангај Сипг и воедно е еден од најистакнатите фудбалери во првенството има желба да се врати во Европа и да заигра во Серија А.
Самиот фудбалер во изјава за италијанските медиуми истакнал дека имал понуди од миланските гиганти Интер и Милан. Оскар не ги откри деталите од причина за да не наштети на преговорите. Бразилецот играше пет години во Челзи и ја освои два пати Премиер лигата, купот и Лига Европа.
Оваа сезона во 28 настапи за Шангај Сипг има учинок од 10 погодоци и 16 асистенции, додека вкупно за клубот има запишано 108 настапи со постигнати 35 гола и 37 асистенции. Оскар од доаѓањето во Кина во 2017 година ги оправда средствата кои беа вложени за неговиот ангажман.



