Во третиот круг од македонската прва фудбалска лига или 27. коло во дербито на колото во скопската населба Маџари Вардар одигра реми од 1:1 против ривалот за таа втора позиција на табелата, тимот на Академија Пандев.
Први во водство беа ,,Црвено-црните” со дебитантскиот гол на Даниел Аврамовски во 28 минута, а потоа домашните фудбалери имаа уште неколку зрели шанси за дуплирање на водството кои не ги искористија, па беа казнети за промашувањата од страна на Љупче Дориев во 85 минута за конечен резултат од 1:1 и за поделба на бодовите.
Во преостанатите две дерби дуели, во скопското дерби, тимот на Работнички со пресврт дојде до гостинска победа од 1:2 против Шкупи. Домашните фудбалери преку Устабаши дојдоа до водство од 1:0 и во вториот дел со головите на Оливер Пеев и Баже Илијоски ,,Романтичарите” дојдоа до важни три бода, од друга страна Шкупи има серија на порази и се повеќе тоне на прволигашката табела.
Во тетовското дерби под Шара, лидерот на табелата, тимот на Шкендија дојде до минимална победа од 2:1 против Ренова со погодоците на Егзон Бејтулаи и повратникот во тимот Марјан Радески кој беше отсутен долго време поради повреда.
За Ренова стрелаше Нехар Садики. Во дербито на дното Силекс дојде до гостинска победа над Беласица со 0:1 со голот на Додев. Во Скопје, Македонија Ѓорче Петров рутински стигна до трите бода против Победа со резултат од 3:0.
Резултати 27. коло Прва МФЛ:
Шкеднија 2:1 Ренова,
Шкупи 1:2 Работнички,
Вардар 1:1 Академија Пандев,
Македонија ЃП 3:0 Победа и
Беласица 0:1 Силекс.



