Битката за влез во шкотскиот Премиершип е во полн ек, а во борба се дури четири екипи – Данди Јунајтед, Ајр, Данди ФК и Инвернес. Двете екипи од Данди денес го одиграа второто градско дерби оваа сезона. Првото го доби Данди Јунајтед како домаќин со 6-2. И вечерва славеа Јунајтед, но овој пат со 0-2. Најпрво, од пенал во 56. минута, прецизен беше Кларк, а во 64. минута, Шенкленд заби за да ја завери победата на својот тим. Данди Јунајтед со оваа победа се одлепи на шест поени предност во однос на Ајр кој има натпревар помалку. Данди ФК е третопласиран со 21 поен т.е. 9 помалку од својот денешен соперник и има натпревар повеќе во однос на четвртопласираниот Инвернес кој има 20 поени. На дното на табелата се наоѓа Партик Тисл со само осум освоени поени.



