“Верував во себе и во својот настап, но не ни помислив дека ќе победам во полуфиналето, затоа што сите настапи беа фантастични! Ова ми беше голем предизвик, Сем Смит е врвен пејач, а Lay Me Down тешка, емотивна балада. Им благодарам на гледачите кои гласаа за мене ❤❤❤ на жирито и на моите колеги! Најважно е што мојата победа барем малку ќе помогне во лекувањето на Никола Михаиловски (19) од Скопје. Паричната помош од 1000 евра од емисијата ,,Твоето лице звучи познато” ја наменивме за Никола, се надевам дека неговата младост ќе го победи канцерот. “ – изјави Даниел Кајмакоски по победата во полуфиналето на шоуто “Твоето лице звучи познатo”.



