Третото коло во Чемпионшип го отворија синоќа Хадерсфилд и Фулам. Гостите победија со 2-1, а стрелци на двата гола беа Митровиќ и Кавалеиро.
Головите не недостигаа ни денес. Имено, на 10 натпревари беа постигнати вкупно 27 голови.
Најмногу погодоци имаше во Велс на „Либерти Стадиум” кадешто домашниот Свонси со 3-2 го совлада Престон.
Тимот на нашиот Езѓан Алиоски издвои победа против Виган на гости од 2-0. Виган беше со играч помалку уште од 21. минута кога Вилијамс заради втор жолт картон беше принуден да оди во соблекувалната. Стрелец на двата гола беше поранешниот играч на Мидлсброу, Патрик Бамфорд.
Стоук со ремито од 2-2 против Дерби дојде до својот прв бод сезонава, а до првата победа стигнаа Нотингем, Бристол Сити и Блекбурн.
Во недела ни преостанува уште еден натпревар кој ќе се одигра на „Мадејски” помеѓу Рединг и Кардиф.
Резултати:
Хадерсфилд 1-2 Фулам
Свонси 3-2 Престон
Блекбурн 1-0 Мидлсброу
Стоук 2-2 Дерби
Милвол 1-0 Шефилд Венсдеј
Барнсли 2-2 Чарлтон
Брентфорд 1-1 Хал
Бристол Сити 2-0 КПР
Лутон 1-2 ВБА
Нотингем 3-0 Бирмингем
Виган 0-2 Лидс
Рединг – Кардиф (недела во 13:00 ч.)



