Екипите на Барнсли и Бристол Сити го отворија 15. коло во Чемпионшиип. Барнсли напаѓаше во поголемиот дел на првото полувреме, но сепак на пауза замина со минимален заостаток откако во 43. минута, Ешли Вилијамс го донесе Бристол во водство со својот прв гол за тимот од југозападна Англија. Во 71. минута, Бристол стигна до навидум недостижна предност од 0-2 преку голот на Андреас Вајман. После примениот гол, Барнсли ја консолидира својата игра и најпрво ја намали предноста преку голот на Халме во 77. минута. До ерупција на трибините на „Оуквел” дојде во четвртата минута од судиското надополнување кога Вудроу го израмни резултатот на 2-2 и му го донесе на Барнсли деветтиот бод сезонава.



