Македонската женска А репрезентација загуби со 3:0 од Австрија во натпревар од 4. коло во групата од квалификациите за ЕП. Топ фаворитот во групата на Националната арена “Тодор Проески” ја потврди фаворитската улога и го задржа максималниот ефект во групата.
Црна дамка на натпреварот остави очајната посета на стадионот и премногу тивката промоција на натпреварот од страна на ФФМ пред да се одигра средбата. Македонските девојки прв пат играа на ,,Националната Арена” го оставија своето срце на терен, но сепак заслужија подршка од трибините која овој пат не ја добија.
Фото: ЖФК ЏИ – ЏИ



