Синоќа од 20 часот во Центарот за Култура во Струга се одржа првата изложба на фотографии во рамки на проектот “Јабланица нашата прекрасна планина”.
Изложбата беше во организација на планинарското еколошко друштво “Гороцвет на Јабланица”. Настанот е организиран со поддршка од Агенцијата за промоција и поддршка на Туризмот.
На настанот присуствуваа голем број вљубеници во фотографијата, планинари, спортисти, екологисти и луѓе кои ја сакаат природата. Во име на планинарско и еколошкото друштво “Гороцвет на Јабланица” пред присутните се обрати Д-р Оливер Бојчески.
Како помина изложбата може да погледнете преку фотографиите кои за оваа пригода ги направи Данче Секулоска.
Фото: Данче Секулоска



