Капитенот на македонската репрезентација, Војдан Стојановски и неговиот Олденбург славеа против составот на Гисен со убедливи 117-85 во првата лига во Германија. Војдан Стојановски беше одличен и на овој меч со 12 поени, 3 скокови, 2 асистенции и 1 украдена топка. Олденбург е на втората позиција со шест бодови помалку во однос на лидерот Баерн Минхен и шест повеќе во однос на третопласираниот тим на Алба од Берлин.



