Фудбалерите на Вимблдон приредија големо изненадување во 1/16 финалето на ФА купот во Англија каде што го елиминираа од понатамошното натпреварување премиерлигашкиот тим на Вест Хем со резултат од 4:2.
Третолигашот во Англија кој е последен на табелата во таа конкуренција мечот го започна на најдобар начин со двојно водство од 2:0 со головите на Апиа во 34. минута и на Вагстаф во 41. минута и овој резултат беше и конечен по првото полувреме.
На стартот на второто полувреме веднаш во 46 минута од натпреварот тимот на Вимблдон зголеми на 3:0 со голот на Вагстаф на асистенција на Апиа. Дури по овој гол гостите заиграа поангажирано и посериозно ја сфатија работата на теренот и затоа со два брзи гола преку резервистите Перез во 57. минута и во 71 минута на Андерсон и кога се очекуваше целосен пресврт домашните фудбалери приредија уште еден ,,ладен туш” со погодокот на нововлезениот Сибик во 88. минута за конечен триумф од 4:2.
Второто големо инзненадување во оваа фаза на натпреварување го приреди тимот на Милвол кој се натпреварува во Чемпионшип и со пресврт и гол постигнат пред судискиот свиреж на мечот го елиминираа Евертон со 3:2. Головите за Милвол ги постигнаа Грегори, Купер и Валас, додека за Евертон Ричарлисон и Тосун.
Во останатите парови се постигнаа следниве резултати со напомена дека секој кој ќе победи веднаш се квалификува во наредна фаза, додека ако има нерешен резултат на мечот се игра реванш на стадионот на противникот.
ФА куп 1/16 финалe резултати:
Бристол Сити 2:1 Болтон
Арсенал 1:3 Манчестер Јунајтед
Акрингтон 0:1 Дерби Каунти
Брајтон 0:0 Вест Бромбич Албион
Донкастер 2:1 Олдам
Манчестер Сити 5:0 Барнли
Мидлзбро 1:1 Њупорт
Њукасл 0:2 Ватфорд
Портсмут 1:1 Квинс Парк Ренџерс
Шрозбери 2:2 Вулверхемптон
Свонси 4:1 Гилингам
Милвол 3:2 Евертон и
Вимблдон 4:2 Вест Хем.



