Во рамките на 21. коло од Серија А, актуелниот шампион Јувентус и непоразен тим сезонава во првенството го одигра најлошиот натпревар во текот на ова првенство и беше на праг на пораз, но во последните 15 минути од мечот направија целосен пресврт.
Први во водство дојдоа сосема заслужено Лацијалите кога во 59. минута со автоголот на Емре Џан поведоа со 1:0, а освен голот имаа и неколку зрели шанси кои не ги искористија и потоа со влегувањето во игра на Кансело, најпрвин во 74. минута постигна гол за израмнување на 1:1. а потоа над него Сенад Лулиќ направи прекршок за најстрога казна со тоа што Кристијано Роналдо успешно реализираше во 88 минута за триумф од 1:2.
Видео: Лацио 1 – 2 Јувентус во продолжение голот за победа на Кристијано Роналдо



