Во рамките на 26. коло од Серија А на дербито помеѓу Наполи и Јувентус резултатот гласи 1:2 во корист на ,,Старата дама”. Стартот на мечот им припадна на наполитанците кои имаа повеќе иницијатива и го напаѓаа противникот, но концептот на игра се сруши во 28. минута кога една вратена топка на десниот бек Малкут Роналдо ја пресече, а на голманот Мерет не му преостана ништо друго освен да направи фаул кој што судијата го санкционираше со црвен картон.
Во истата таа 28. минута Наполи беше дупло казнет, па освен играч помалку, заработи и негатива од 0:1 кога Миралем Пјаниќ прецизно стрелаше од слободен удар. После негативата Наполи имаше шанса за израмнување каде што Зелински наместо во мрежата ја погоди стативата од голот на Шчесни.
Пред крајот на првиот дел Јувентус казни и прецизниот центаршут на Бернардески, Емре Џан со глава зголеми на 0:2. На самиот старт на второто полувреме и гостите останаа со фудбалер помалку затоа што втор жолт картон доби Пјаниќ, па од тој момент домашните фудбалери комплетно ја презедоа контролата врз играта и целосно се префрлија на половината на противникот. Таквиот пристап им донесе гол за намалување на резултатот кога во 61. минута Калјехон постигна гол за 1:2.
Во финишот на натпреварот домаќините во 84. минута добија пенал кој не го реализираа преку Инсиње кога шутираше само во стативата и пропушти да го израмни резултатот и на својот тим да му донесе бод. Со овој триумф Јувентус уште повеќе се зацврсти на лидерското место и си ја резервира новата титула во Серија А.
Видео: Наполи 0 – 1 Јувентус стрелец Пјаниќ
Видео: Наполи 0 – 2 Јувентус стрелец Џан
Видео: Наполи 1 – 2 Јувентус стрелец Калјехон



