Јапонија и Шкотска се соочија во последниот натпревар од групата А. Овој натпревар го носеше називот „дерби на колото” бидејќи беше директен дуел за влез во четврт-финалето.
Шкотланѓаните го отворија натпреварот со есејот на Расел и конверзијата на Лејдлол, а потоа Јапонија, предводена од 70-илјадната публика влезе во налет. Матсушима прв го „скрши мразот” во 18. минута со есеј, а до крајот на полувремето поентираа и Инагаки и Фукуока. Тамура успешно ги шутираше сите три конверзии и на паузата резултатот изнесуваше 21-7. Во второто полувреме, Јапонците ја продолжија доминацијата и повторно постигнаа седум поени преку тандемот Фукуока – Тамура. Шкотска за шест минути постигна два целосни есеи преку Нел и Лејдлоу односно и Фагерсон и Расел и го врати натпреварот на само еден есеј разлика. На крај тој резултат се испостави како конечен и изнесуваше 28-21 за Јапонија. Домаќините направија супер-сензација и како првопласирани во групата А се квалификуваа на наредното СП како и на овогодинешното четврт-финале. Нивниот четврт-финален противник ќе биде селекцијата на Јужна Африка, а натпреварот ќе се одигра во недела во 12:15 часот.



