Екипата на Канзас Сити Чифс избори победа над Денвер Бронкос на гостински терен со 6-30. Најпрво, домаќините поведоа преку тачдаунот на Фримен, а во продолжение не постигнаа ниту еден поен (имајќи во предвид дека не ја искористија конверзијата за два поени после тачдаунот). Поените за Чифс ги постигнаа Хардмен, Регланд и Хил преку тачдаун и Баткер преку трите успешни шутови за филд-гол и трите екстра-поени. Во првото полувреме се случи несакана ситуација за Чифс, бидејќи при обидот за квотербек-сник акција на Махоумс, тој заработи повреда на коленото и го напушти натпреварот. Сè уште не е позната сериозноста на повредата, а Махоумс на својот Твитер профил истакна:
„Одлична тимска победа! Ги сакам моите браќа! Ви благодарам на сите за поддршката! Сè изгледа добро сега за сега!”