Деветнаесеттото коло од англискиот Чемпионшип го затворија Престон и ВБА. Овој дуел беше со голема важност и за двете екипи: ВБА со победа би се вратил на врвот, а Престон со поволен резултат би ја прекинал лошата серија.
Пред почетокот на дуелот, Престон имаше серија од два загубени дуели притоа без постигнат гол и гол-разлика од 0-5. За разлика од тимот на Алекс Нил, ВБА имаше серија од четири победи со гол-разлика од 9-2.
Овој натпревар беше релативно изедначен сè до 90. минута кога беше свиран непостоечки пенал за ВБА. Пеналот беше успешно изведен од страна на искусниот Чарли Остин кој го постигна единствениот гол на натпреварот и му ја донесе победата на тимот од Мидлендс.
„Нашата најголема фрустрација и разочарување е бидејќи загубивме после контроверзен момент. Ќе беше многу полесно да се прифати доколку се случеше после квалитетна игра на противникот, но фактот дека имаше контроверзна одлука, го прави овој пораз фрустрирачки.” – изјави Алекс Нил, тренерот на Престон.