Дерби, својот прв натпревар во 2020, го одигра против Барнсли на својот „Прајд Парк” пред речиси 28 илјади гледачи. За „Овните” дебитираше легендарниот Вејн Руни носејќи ја капитенската лента. Искусниот Англичанец, во 45. минута, му асистираше одлично од слободен удар на Џек Мериот кој постигна гол за 1-0 после трите промашени сто процентни шанси. Овој резултат беше актуелен до 50. минута кога Барнсли израмни на 1-1 преку Симоеш после релативно слабата интервенција на голманот Хамер. Руни учествуваше и во акцијата за победоносниот гол на Дерби во 57. минута откако успешно го проигра Висдом кој му асистираше на Вагхорн.
Со втората победа во низа со резултат од 2-1, Дерби се искачи на 17. позиција на табелата со 33 поени и само осум помалку во однос на плејоф зоната. Барнсли останува на претпоследното место со 21 поен и три поени дефицит во однос на „сигурниот” Стоук.



