Екипите на Нотингем Форест и Милвол го отворија 37. коло од англиската втора лига на полниот „Сити Граунд“ во Нотингем. Домаќинот доживеа потполно фијаско во првото полувреме. Имено, Милвол постигна три погодоци во период од тринаесет минути и сите три голови беа дело на Мет Смит. При првиот и третиот гол, асистенција запишаа Мареј Волас и Шејн Фергусон, додека вториот гол падна по дефлекцијата на Смит откако Џејсон Молумби упати шут кон голот на Брис Самба.
За Нотингем, ова беше прв пораз после речиси цел месец кога загуби од Чарлтон со 0-1, додека Милвол ја продолжи својата серија од три натпревари без пораз. На табелата, Нотингем остана на четвртото место, додека Милвол скокна на седмото. Двете екипи имаат натпревар повеќе во однос на сите конкуренти.