Првиот натпревар од 22. коло од Чемпионшип се одигра во Лондон. Имено, домаќинот Чарлтон се соочи со Хал Сити.
Домаќините на полувремето заминаа со предност после голот на Претли во 34. минута. Ова беше првиот погодок за Јамајчанецот во дресот на Чарлтон.
На почетокот на вториот дел, МекКен во игра го внесе Џош Боувен кој само една минута подоцна го израмни резултатот. После три минути, Чарлтон повторно имаше предност преку голот на Сар. Таа предност траеше сè до 96. Минута кога младиот Кин Луис-Потер го постигна својот втор гол во дресот на „Тигрите”. Со ова реми, Чарлтон ја прекина серијата од четири последователни порази.



