Деновиве сведоци сме на многу преработки на песната “На Велигден сум се заљубил” (а од нејзиното раѓање поминаа речиси 30 години) и несомнено сите тие звучат сосема во ред, дури на некои од нив самиот автор Џина Папас Џокси на својот фејсбук профил им даде подршка но сепак, како говорат “И лош оригинал е подобар од најдобрата копија”.
За нас секако дека истоимената песна од легендарниот интерпретатор Џокси не е лош оригинал, песната е и повеќе од добра затоа и опстојува сиве овие години и како ретко која песна се пее 30 години и уште ќе се пее…
Како навистина е настаната оваа мега популарна песна и која е приказната позади истата открива самиот Џокси во емисијата ”Македонски Приказни” кај Трајче Китановски. Во релаксирана атмосфера каква што знае само Китановски да ја направи опуштени небаре на “маалско кафе” Трајче и Џокси им прикажаа одлична емисија на гледачите говорејќи за многу теми.
Она што ни го одвлече вниманието е секако “На Велигден сум се заљубил”, во интегрална верзија ве препуштаме на прикаската со преглед на следново видео:
извор и фото: Skopski prikazni / Скопски приказни



