Аргентина и Чиле имаа амбиции да ги повторат минатите изданија на Копа Америка и да играат меѓусебно финале, но наместо тоа двете репрезентации се судрија за утешното трето место. Аргентина во полуфиналето беше поразерна од најлутиот ривал, селекцијата на Бразил, додека Перу беше подобриот тим во второто полуфинале против Чиле.
Уште на стартот натпреварот нималку не наликуваше на средба од престижен карактер туку желба и мотив на двете страни да се дојде до победа. Во жестоки дуели и динамична игра, Аргентина за кратко дојде до конфорен резултат од 2:0 по само 22 минути игра.
Аргентинците најпрвин поведоа во 4 минута со голот на Агуеро, а во 22 минута Пауло Дибала го дуплираше водството. Во 37 минута се случи можеби највозбудливиот момент кога по расправијата и меѓусебниот дуел на капитените Меси и Медел, главниот судијата реши на двајцата да им додели црвени картони. До крајот на мечот Чиле само успеа да постигне почесен гол и тоа во 59 минута кога сигурен реализатор од белата точка беше искусниот Артуро Видал.



