Иван Тричковски игра во одлична форма во кипарскиот шампионат и редовно стрела за својот тим Аек Ларнака. Во рамките на 11-то коло Аек Ларнака загуби од лидерот Анортозис со резултат од 1:2 каде што почесниот гол за домаќините го постигна репрезентативниот македонски напаѓач Иван Тричковски во судиското продолжение. Ова за Тричковски е 11-ти овосезонски гол и е прв стрелец во Кипар.



