Иван Тричковски е гол мајстор кога е во прашање дерби натпревари. Во рамките на 27. коло од кипарската прва лига на гостувањето против Омонија тимот на Аек Ларнака славеше со 0:2 со погодоците на Тричковски во 79 минута и на Јоану во 90-та минута. На овој меч стандардно квалитетно одигра и Даниел Мојсов во дефанзива каде не дозволи противничките напаѓачи да го загрозат голот на Аек.



