Челзи има турбулентна сезона во Премиер лига, а Маурицио Сари има се поголем притисок поради лошите резултати, а ,,капак” на се е завчерашниот инцидент со голманот Кепа при финалето на ,,Карабао Куп”.
Сепак Сари на најдобар начин во рамките на 28. коло на ,,Стемфорд Бриџ” се врати со триумф од 2:0 во дербито на Лондон против Тотенхем со 2:0. Стрелци на погодоците беа Педро во 54. минута и во финишот на натпреварот противничкиот бек, Трипиер си постигна ефектен автогол за конечен резултат од 2:0.
Видео: Трипиер со ладнокрвна завршница на погрешен гол



