Јувентус на домашен терен во рамките на 27. коло од Серија А без првотимците го совлада Удинезе со 4:1 за најмногу погодоци на еден меч во оваа сезона за ,,Старата дама” на домашен терен.
Предводник на овој меч беше тинејџерот Моиси Кин кој ги постигна првите два гола за водство од 2:0, а во второто полувреме над него беше направен прекршок за најстрога казна кој успешно го реализира Емре Џан. До крајот на натпреварот Матуиди постигна гол за 4:0, а Ласања ги постави конечните 4:1.



