Португалија ќе се бори за трофејот во Лигата на нации откако синоќа во првото полуфинале триумфираше со 3-1 над Швајцарија. Кристијано Роналдо блескаше и со хет-трик ја однесе Португалија во финале. Во второто полуфинале ќе играат Англија и Холандија кои ќе го дадат вториот финалист.



