Во реванш натпреварот од полуфиналето во Купот на Португалија Спортинг Лисабон го совлада со 1:0 најголемиот ривал Бенфика со голот на Фернандес во 75 минута со атрактивен гол кој беше сосема доволен за пласман во финалето, инаку на првиот меч Бенфика славеше со 2:1. Во финалето на купот Стефан Ристовски и неговиот Спортинг од Лисабон го очекува уште еден лут ривал, а се работи за тимот на Порто.



